TIKTOK I INSTAGRAM: @CITATELKATA

Thursday, July 9, 2026

Рецензија на книгата Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден од РАФАЕЛА ЖОРДАНО



Понекогаш животот не ни се случува, туку ние само се движиме низ него, заробени во сопствените „автоматски“ навики. Романот на Рафаела Џордано е еден вид книжевна „терапија“ спакувана во приказна како потсетник дека не треба да чекаме катастрофа за да почнеме навистина да живееме.

Главниот лик Камиј е 38-годишна жена која има стабилна работа и семејство, но се чувствува несреќна, празна и заглавена во секојдневието.Дијагнозата: По една сообраќајна незгода, таа го запознава Клод, кој се претставува како „рутинолог“. Тој и поставува дијагноза: акутна рутинираност состојба на опадната мотивација и хронично нерасположение. Преку серија мали чекори, вежби и предизвици, Клод и помага на Камиј целосно да го трансформира својот живот. Таа учи како повторно да се вљуби во постоењето и да ги преземе работите во свои раце.

​Како студент по психологија, оваа книга ја гледам како еден вид популаризирана психотерапија. Џордано вешто ги користи концептите од позитивната психологија за да не потсети на неколку важни работи како одговорноста за сопствената среќа, често ги обвинуваме околностите, работата или луѓето околу нас. Џордано не соочува со вистината: ние сме тие што ги држат уздите на сопствениот живот.
Промената не доаѓа преку ноќ, Камил не се менува преку ноќ. Промените доаѓаат низ мали ритуали, свесни одлуки и малечки победи. Тоа е пораката која ми се допаѓа не мора да го срушиме животот до темел за да изградиме нешто ново.

Камил не е клинички депресивна, таа е едноставно „изгубена“ во својата животна улога. Таа е мајка, сопруга, вработена, но нејзината суштина е некаде под сите тие обврски. Клод ја нарекува нејзината состојба „рутинологија“ состојба во која човекот ја губи способноста да чувствува задоволство, се движи по инерција и живее со „автопилот“.

Клод нејзиниот рутинолог не и дава готови одговори, туку и дава задачи (експерименти) кои Камил мора да ги исполни. Тој ја тера да го расчисти домот, но и „менталниот простор“. Идејата е дека нередот околу нас (физичкиот) е само огледало на хаосот во нас.

Една од најважните лекции е како да се справат со луѓето кои ја исцрпуваат нејзината енергија. Камил учи да постави граници, нешто што често е најтешкиот чекор во психологијата.

Клод ја поттикнува Камил да излезе од својата комфорна зона преку „играње“ нови ситуации. Тоа е форма на бихејвиорална терапија каде што преку акција (а не само размислување) го менуваме сопственото однесување.

Книгата не е само за совети, туку за односите. Камил мора да се соочи со фактот дека нејзиниот сопруг, Шон, е оддалечен делумно и поради нејзината промена. Ова е многу реален психолошки момент кога еден партнер почнува да се менува, целиот систем (семејството) мора да се преобликува, што често создава триење.

Она што Џордано го прави мајсторски е што низ очите на Камил ја гледаме деконструкцијата на совршената слика. Камил сфаќа дека нејзината потреба да биде „совршена мајка и вработена“ била всушност начин на бегство од самата себе.

Насловот е еден од најмоќните што сум ги сретнала. Не потсетува дека времето е наш најголем ресурс, а сепак го трошиме како да е бесконечен.

Оцена: ⭐️⭐️⭐️⭐️⭐️

No comments:

Post a Comment