Дебитантскиот роман на Роуз Карлајл е полн со напнатост, неочекувани пресврти и мрачни тајни што го држат читателот во неизвесност до последната страница.
Приказната ја следи Ајрис и нејзината идентична сестра-близначка Самер. Иако изгледаат исто, нивните личности се сосема различни.
Ајрис е фасцинантен лик – ранлива, но и манипулативна, жртва, но и жена која живее во сенката на нејзината сестра. Нејзината трансформација низ романот е еден од најсилните аспекти на книгата.
Самер е совршена, блескава, секогаш сакана но жена која е присутна преку сеќавањата.
Споредните ликови, како семејството што ја опкружува, само ја продлабочуваат тензијата и неизвесноста.
Но, кога Самер ја замолува Ајрис да ѝ помогне во пловењето со јахта, нештата тргнуваат во непредвидлива насока. По низа шокантни настани, Ајрис се наоѓа пред можност што може да ѝ го промени животот засекогаш – но по цена на морални дилеми и тајни.
Девојката во огледалото“ е интензивен трилер со непредвидливи пресврти што ќе им се допадне на љубителите на мрачни, психолошки сложени приказни. Финалето е шокантно и ќе ве натера да ја преиспитате целата приказна. Ако уживате во книги како „Жената во прозорецот“ од А.Џ. Фин оваа книга е одличен избор за вас.
Оцена: 🌟🌟🌟🌟🌟
Книгата може да ја најдете во ТОПЕР
No comments:
Post a Comment