Една од мојте омилени книги, која ја добив на поклон за седумнаесетиот роденден е „Жената со црвениот бележник“ од Антоан Лорен".
Приказната започнува кога Лора е нападната и и е украдена чантата. Следниот ден, книжарот Лоран ја пронаоѓа напуштената чанта, а во неа црвен бележник исполнет со мисли, спомени и чувства. Иако не ја познава сопственичката, читајќи ги нејзините записи постепено се вљубува во жената зад зборовите и започнува потрага да ја пронајде.
Она што најмногу ми се допадна е атмосферата на романот. Париз е прикажан како град полн со шарм, книжарници, мали улици и случајни средби, а сето тоа создава чувство дека и најобичниот ден може да се претвори во незаборавна приказна.
Антоан Лорен пишува едноставно, но со многу емоции. Ликовите се реални и симпатични, а приказната тече лесно, па книгата се чита во еден здив. Иако има елементи на мистерија, ова не е класичен трилер, туку роман за љубовта, надежта,
судбината и моќта на зборовите.
Единствена забелешка би била што романот е релативно краток, па би сакала некои ликови и нивните приказни да бидат подетално разработени. Сепак, токму таа краткост му дава посебен шарм и го прави идеален избор за викенд читање.
Оценка: ⭐⭐⭐⭐⭐ (5/5)
„Жената со црвениот бележник“ е книга што остава топло чувство по последната страница. Ако сакате романтични приказни со доза мистерија, прекрасна париска атмосфера и верувате дека судбината понекогаш ги спојува вистинските луѓе во вистинскиот момент, оваа книга е одличен избор.
No comments:
Post a Comment