TIKTOK I INSTAGRAM: @CITATELKATA

Sunday, June 28, 2026

Рецензија на поетската збирка Губејќи те од ИЗАБЕЛА ХЕЈНОР



Постојат поетски книги што не бараат да ги прочитате одеднаш. Бараат да им се враќате, да подвлечете стих, да застанете и да премолчите. 
Таква е и „Губејќи те“ од Изабела Хејнор, збирка што зборува за љубовта, разделбата, тагата и повторното пронаоѓање на себеси.

Авторката не се крие зад сложени метафори, туку со едноставен и прониклив јазик допира до универзалните човечки чувства копнежот, празнината, надежта и исцелувањето.

Низ страниците се чувствува дека губењето не е само крај, туку и почеток на едно ново патување. Поезијата остава простор читателот да ги пронајде сопствените спомени и сопствените одговори. Токму во тоа лежи нејзината сила секој стих добива различно значење во зависност од оној што го чита.

Стихот кој ми остави најмногу впечаток е:

,,Понекогаш само лежам во креветот 
и се молам да заспијам 
пред да се распаднам".

„Губејќи те“ не е книга што се чита брзо. Таа е книга што се чувствува. Остава тивка трага, потсетувајќи дека и најголемите загуби можат да се претворат во стихови, а стиховите во утеха.

Оценка: ★★★★★ (5/5)

No comments:

Post a Comment