TIKTOK I INSTAGRAM: @CITATELKATA

Thursday, June 25, 2026

Рецензија на романот Никогаш не лажи од ФРИДА МЕКФАДЕН


 „Никогаш не кажи“ од Фрида Мекфаден е психолошки трилер кој маестрално ги спојува мистеријата и неизвесноста. 

Приказната се врти околу Триша и Итан, млад брачен пар кој разгледува куќа на продажба, некогашен дом на психијатарката д-р Адриен Смит, која исчезнала под нејасни околности, оставајќи зад себе многу нерешени прашања.... 
Нејзиното исчезнување остава простор за сомнежи – дали таа побегнала, дали била жртва, или можеби и самата е виновна за нешто поголемо и мрачно? 

Додека Триша и Итан се приморани да преноќат во куќата поради лошото време, тие ќе наидат на аудиозаписи од терапевтските сесии на д-р Смит, кои ќе ги натераат да се запрашаат што навистина се случило со неа и ќе започнат да го истражуваат нејзиниот поранешен дом.

Од самиот почеток, авторката создава тензија преку деталната атмосфера на куќата, таинствено место полно со скриени предмети и документи кои почнуваат да ги разоткриваат деловите од мистериозното минато на д-р Смит и комплексната мрежа на лаги и тајни што таа со години ги чувала заклучени.

Ликовите се комплексни и многу внимателно изградени, особено главниот женски лик, Триша, која е интригантна комбинација на снаодливост и ранливост. Односот меѓу неа и Итан е клучен за развојот на приказната и претставува основа за емоционалната динамика што ја движи напред мистеријата.

Мекфаден користи едноставен, но ефективен стил на пишување, што го прави романот брз и лесен за читање. Со кратки поглавја и динамичен заплет, оваа книга го задржа моето внимание до самиот крај, каде што шокантниот пресврт дополнително ја зголеми мојата импресијата од книгата.

No comments:

Post a Comment