Приказната го следи убиството
на младата Искра, девојката која ноќта на матурската вечер е убиена, откако нејзиниот класен раководител ја однесол дома, бидејќи била во алкохолизирана состојба. Единственио осомничен кој бил последен со неа во контакт е професорот Атанас, по собраните докази полицијата на Атанас му одредува десет години казна затвор.
Неговата сопруга и син му се константно омаловажувани од граѓаните па се приморани да го напуштат родниот град Пробиштип и да се преселат во Скопје.
По издржувањето на казната Атанас е пуштен од затвор и оди на вратата од својот син. Бара прошка од него и му кажува дека тој не ја убил Искра но не жали, тој си ја издржал казната за својот грев.
Кој е всушност неговиот грев?
Што навистина се случило таа ноќ со убиената Искра?
Дали трагите се избришани целосно после десет години?
Дали вреди да се копа по минатото?
Која е цената на вистината?
И зошто еден монах решава да оди против себе и против своите ограничувања?
No comments:
Post a Comment