"Аурис" е психотрилер кој ве одвлекува во мрачен и сложен свет на форензичката фонетика, каде секој звук носи со себе потенцијал за откривање на вистината, но исто така и за сокривање на лагата.
Во центарот на приказната се наоѓа познатиот форензички фонетичар Матијас Хегел, вистинска легенда во редовите на полицијата. Со помош на својата експертиза, тој успева да ја разликува вистината од лагата во секој звук, со што придонесува за осудување на бројни криминалци. Сепак, неговиот живот се превртува кога признава дека брутално убил бездомничка. Неговото признание ја замаглува границата меѓу вистината и лагата, и го тера читателот да се запраша дали е тој жртва или злосторник.
Амбициозната поткастерка Јула Анзорге, која се занимава со рехабилитација на невини осуденици, не верува во Хегеловото признание. Очајна да ја открие вистината, таа се впушта во опасна истрага која ја доведува во директен судир со моќните сили кои сакаат да ја заташкаат вистината.
"Аурис" ја препорачувам го на сите оние кои сакаат да се одморат од секојдневницата и да се препуштат на една добра приказна.
Оцена: ⭐⭐⭐⭐⭐️
No comments:
Post a Comment