Колин Хувер ми е една од омилените писателки.
Каква жена.. Каква приказна... Верити..
Приказна која ја потврдува онаа стара поговорка на лагата кратки и се нозете...
Уживав додека ја читав. Не ми беше типичен трилер, повеќе ја доживеав како драма /мистерија измешана со страст.
Секоја мајка не е иста.
Ме фасцинира фактот дека женава не побара помош од никого да се соочи со своите немајчински чувства.
Ме внесе во приказната до тој степен што работите ги чувствував на своја кожа. Ме доведе до лудило целиот тек на случувањата и целата таа мистериозност и неизвесност... Цело време знаев што ќе се случува следно, а се случуваше обратното до последната страница.
Ја мразев Верити од дното на душата, а толку многу се заљубив во Џереми...
Книгава не се испушта од раце, толку многу се изнаигра со мојот адреналин, што и понатаму си игра, размислувајќи за нејзиниот двосмислен крај.
Моќно напишана, влегува под кожа од првата страница, си поигрува со тебе и после неа остануваш заглавен и понатаму во неа... премногу возбуда и прејаки чувства, огромно браво за Хувер!
Моја препорака до сите вас!
No comments:
Post a Comment