TIKTOK I INSTAGRAM: @CITATELKATA

Sunday, June 28, 2026

Рецензија на романот Пациентката што молчеше од ЏЕЈМС КЕЈН



Уште од првите страници, „Пациентката што молчеше“ ме вовлече во приказна исполнета со неизвесност, психолошки игри и тајни што постепено се откриваат. Ова е трилер што постојано ве тера да се сомневате во секој лик и да ги менувате своите претпоставки.

Главниот лик, психијатарката Рина, се соочува со тежок период по трагичната смрт на една пациентка и распадот на својот брак. Кога во психијатриската установа пристигнува Ејми девојка која одбива да проговори Рина гледа можност повторно да си ја врати самодовербата и професионалниот углед. Но, се се менува во моментот кога Ејми конечно ќе прошепоти неколку имиња, а меѓу нив се наоѓа и името на поранешниот сопруг на Рина. Од тој миг започнува вистинската игра, полна со лаги, скриени тајни и шокантни откритија.

Најголемата предност на романот е напнатата атмосфера и брзото темпо. Поглавјата се кратки, лесно се читаат и секое од нив открива нов детал што дополнително ја продлабочува мистеријата. Авторот умешно ја гради психолошката напнатост, оставајќи го читателот во неизвесност до самиот крај.

Доколку сте љубители на психолошки трилери во кои никому не може целосно да му се верува и во кои секој пресврт ја менува сликата за приказната, тогаш „Пациентката што молчеше“ е вистински избор. Крајот е неочекуван и заокружува една приказна што долго останува во мислите.

⭐ Оценка: 5/5 
Напнат, динамичен и одлично осмислен психолошки трилер што ќе ве држи будни до последната страница.

No comments:

Post a Comment