Романот „Туѓинецот на свадбата“ е повеќе од приказна за љубов, тајни и семејни врски тоа е потрага по себе во огледалото на туѓите очи. Авторот мајсторски ја гради тенката граница меѓу стварноста и она што останува неизречено, оставајќи го читателот со чувство на нежна вознемиреност и неизбежна љубопитност.
Секоја страница крие една сенка од минатото, еден шепот на тајна, еден момент кога животот илузорно застанува. Ликовите не се само фигури на хартија, тие се огледала на нашите стравови, желби и изгубени моменти.
Содржина:
Туѓинецот на свадбата е психолошки трилер кој веднаш го привлекува вниманието со мистериозната и напната атмосфера. Романот ја следи Ени - млада жена која, на денот на својата венчавка, забележува непознат човек во толпата. Овој мал детаљ ќе стане искрата што ќе разбуди низа сомнежи и ќе ја натера да се праша:
За кого всушност се мажи?
Преку раскажување што се движи помеѓу сегашноста и минатото, авторката внимателно ги гради тензијата и открива темни тајни поврзани со Марк - згодниот и шармантен младоженец, чие минато крие исчезната поранешна сопруга. Паранојата на Ени расте, а со тоа и прашањата за довербата, вистината и границите на љубовта.
Авторот успева ва создава чувство на постојана Преку раскажување што се движи помеѓу сегашноста и минатото, авторката внимателно ги гради тензијата и открива темни тајни поврзани со Марк згодниот и шармантен младоженец, чие минато крие исчезната поранешна сопруга. Паранојата на Ени расте, а со тоа и прашањата за довербата, вистината и границите на љубовта.
Авторот успева да создаде чувство на постојана несигурност, каде читателот никогаш не е сигурен кому да верува. Пресвртот во завршницата е неочекуван и ќе ги задоволи сите љубители на психолошки заплети.
Мое мислење за книгата:
Книгата ме вовлече уште од првите страници со својата интригантна и малку мрачна атмосфера. Ми се допадна тоа што содржината постојано ме тераше да се прашувам кому да верувам, а секоја нова глава ми носеше ново сомневање. Ликот на Ени беше убедлив и реален не секогаш донесуваше правилни одлуки, но токму тоа ја правеше човечка.
Она што не ми се допадна беше понекогашзбунувачката временска линија имаше моменти кога се враќаше во минатото без јасен премин, што ме извади од текот на сегашните настани. Но крајот ми се допадна, имаше неочекуван пресврт што ми го задржа вниманието до последната страница.
No comments:
Post a Comment