TIKTOK I INSTAGRAM: @CITATELKATA

Friday, June 26, 2026

Рецензија на романот Под ѓаволовиот мост од ЛОРЕН ЕН ВАЈТ


Ова е криминалистички трилер базиран на вистинска приказна за 14-годишната Лина Рај, чие тело е пронајдено под Ѓаволовиот мост, по што локален професор, сопруг и татко, Клејтон своевремено го признал убиството на тинејџерка и бил осуден. Сега лежи во затвор 24 години . Случајот се отвора одново кога една водителка на подкаст за вистински злосторства почнува да истражува . 

Во еден од нејзините подкасти убиецот, по години поминати во затвор, тврди дека признанието било лажно и дека вистинскиот убиец се уште е на слобода. Тоа отвора низа прашања и го враќа во центарот на вниманието случајот кој сите мислеле дека е решен.

Во истрагата повторно се вклучува пензионираната детективка Рејчел Волзак, која го уапсила Клејтон пред многу години. Како што излегуваат на виделина нови докази и одамна закопани тајни, станува јасно дека вистината е многу посложена отколку што изгледала. Авторката вешто ја гради напнатоста, а секој нов пресврт ги менува претпоставките на читателот.

Најголемата сила на романот е психолошката длабочина на ликовите и умешноста со која Лорет Ен Вајт ги прикажува вината, манипулацијата и кревкоста на човечката природа. Финалето е неочекувано, логично и силно, оставајќи впечаток што долго останува по затворањето на книгата.

Доколку сакате интелигентни криминалистички романи со многу пресврти, ова е книга што не треба да ја пропуштите. Од мене добива 5/5 ⭐  напнат, емотивен и извонредно напишан трилер што ве тера да се сомневате во се до последната страница.

No comments:

Post a Comment