Уште самиот наслов сугерира дека љубовта ќе биде анализирана до најситниот детал. Но, наместо романтична идеализација, авторот ни ја прикажува нејзината сложеност, љубовта како копнеж, болка, загуба, надеж и повторно раѓање. Стиховите се исполнети со силни емоции и контрасти, па читателот лесно може да се препознае во нив.
Она што најмногу ми остави впечаток е искреноста. Нема маски, нема обид за разубавување на чувствата. Поезијата делува како разговор со самиот себе, а токму тоа ја прави блиска и автентична. Некои песни се меланхолични, други носат надеж, но сите заедно создаваат впечаток на едно емотивно патување.
Стилот на Моџо Килингтон е современ, едноставен и лесно разбирлив, но зад таа едноставност се кријат длабоки мисли. Книгата може да се чита одеднаш, но уште повеќе вреди ако и се навраќате секое ново читање открива поинаква емоција или ново значење.
Моја оцена: ⭐⭐⭐⭐⭐ (5/5)
No comments:
Post a Comment