Кога смртта ќе ја прекине врската, дали таа навистина завршува? Или ние, за да се спасиме од сопствената фрагментирана психа, создаваме паралелни светови во кои починатите се уште нè водат? „Ејми Сноу“ на Трејси Рис не е само приказна за едно патување тоа е студија за тагата која се претвора во опсесија.
Животот на Орелија Браун се менува во моментот кога ќе прими писмо од својата најдобра пријателка, Ејми Сноу. Проблемот е што Ејми е мртва. Но, ова писмо е поинакво тоа е почеток на една внимателно испланирана потрага низ цела Велика Британија, полна со скриени знаци, тајни и загатки кои Ејми ги оставила зад себе специјално за Орелија.
Како што Орелија ги следи трагите, таа не само што открива каде е скриено наследството на Ејми, туку полека го открива и вистинското лице на пријателката која ја сакала, како и сопствената скриена сила.
Она што мене, како студент по психологија, ми е исклучително интересно во овој роман, е начинот на кој Рис ја користи „потрагата по богатство“ како метафора за потрагата по сопственото „јас“. Ејми, преку своите загатки, всушност го тера својот пријател да го преиспита секое свое минато искуство, секоја потисната емоција и секој агол од сопствениот карактер. Дали Орелија ја бара Ејми, или всушност се обидува да ја пронајде сопствената изгубена верзија?
No comments:
Post a Comment